Утрински Весник
Македонија

Запленети 53 килограми марихуана, приведен дилер

Запленети 53 килограми марихуана, приведен дилер

Четирисет и шестгодишен маж од село Калишта вчера бил приведен во близина на село Старо Лагово, откако на даден знак од полицијата, не застанал со возилото. Тој продолжил да вози и потоа фрлил две торби со марихуана, соопшти МВР.

„ На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“ се наведува во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Искри од брусилица предизвикаа пожар – брзата реакција на пожарникарите спречи поголема катастрофа

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе