Утрински Весник
Македонија

Заев, Шилегов и делегација од претседателскиот кабинет положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес

Заев, Шилегов и делегација од претседателскиот кабинет положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес

На градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации денеска положија цвеќиња пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година.

Почит на трагично загинатите скопјани, меѓу другите, им оддадоа и делегација од Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот, Петре Шилегов и владина делегација предводена од премиерот Заев.

Со положување цвеќиња почит на жртвите во земјотресот во Скопје што се случи пред 58 години, дадоа и делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од општините во градот Скопје, претставници од Црвениот крст на град Скопје, претставници од јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани, како и странски делегации.

Можете да прочитате

Дрвокрадци во Долнени со моторна пила нападнале полицајци

Петровска кон Мисајловски: Дали спремате неповолен Колективен договор за вработените во одбраната?

Кривична пријава за екс претседател на Стоматолошка комора на Македонија