Утрински Весник
Македонија

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот, беа главна тема на средбата на премиерот Зоран Заев со генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ, Ангелина Ајкхорст.

Како што информираше премиерот Заев вечерва на својот фесјбук-профил, на работна средба присуствувале и заменикот на Ајкхорст, Марко Маковец и шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир.

„Со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, потенциравме дека ќе биде клучно Самитот на ЕУ со Западниот Балкан да даде јасна порака за европската иднина на регионот, но уште поважно, ЕУ да ја имплементира одлуката од март 2020 со што Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори. Со соседна Бугарија и понатаму ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа“, истакна Заев во објавата.

Воедно, тој посочи дека соговорниците уште еднаш ја изразиле поддршката на Брисел верификувана и од одлуката на Европскиот Совет дека Северна Македонија и ЕУ треба да ја одржат првата меѓувладина конференција од тој процес.

Можете да прочитате

(Видео) Кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се среќавал со Пендаровски во неговиот кабинет?

Санкционирани 220 „брзи возачи„

ЦУК: Активни се осум пожари во земјава