Утрински Весник
Македонија

Заев: Испишавме историја, шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот

Заев: Испишавме историја, шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот
Img 5587

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави статус на неговиот профил на Фејсбук, на кој изразува задоволство од денешната ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО од страна на шпанскиот Сенат.

-Испишавме историја! Во овие денови кога сите се бориме со заканата од коронавирусот, добри вести стигнаа од Мадрид. Шпанскиот сенат пред малку го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Со ова, сите 29 земји членки го ратификуваа Протоколот, Северна Македонија и официјално станува 30-та земја членка на најголемиот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот, напиша Заев.

Ss1

Во статусот тој истакна дека нашето знаме ќе се вее пред седиштето на НАТО, седнуваме на иста маса со развиенот западен свет, нашиот глас ќе биде рамноправен со гласовите на најмоќните држави.

-Членството во НАТО значи безбедност, сигурни граници, но и подобар животен стандард. Една од двете стратешки цели на генерации наши граѓани е остварена, затоа ќе продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел – прво преговори, па членство во ЕУ. Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност. Здравјето пред сѐ, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе!, истакна Заев. ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово