Утрински Весник
Македонија

Без пазарен ден во Тетово за помалку ризик од коронавирусот

Без пазарен ден во Тетово за помалку ризик од коронавирусот

Тетово, 17 март 2020 (МИА) – Нема да има пазарен ден во четврток одлучи кризниот штаб при Општина Тетово на денешниот втор состанок. Целта е да се намали ризикот од пренесување на коронавирусот, посочи градонаначалничката на Тетово, Теута Арифи.

-Одлучивме четвртокот како пазарен ден да не се одржи во Тетово. Сите пазари отворени и затворени тој ден нема да работат. Ќе бидат активни нашите комунални инспекции, побаравме поддршка од Државниот пазарен инспекторат, исто така и од полиција имајќи предвид фактот дека на тој начин ќе го намалиме дотокот на луѓе кои се собираат на тие места, изјави Арифи.

Тетовската градоначалничка побара од граѓаните минимално да излегуваат од дома.

– Сакам да побарам минимизирање на непотребните излегувања од дома, што помалку излегуваме апсолутно повеќе овозможуваме овој процес помалку да се прошири. Не треба да правиме паника, но апсолутно треба да внимаваме многу. Целата оваа состојба бара сериозност од сите нас како граѓани. Затоа благодарам на граѓаните што повеќе би останале дома и помалку ги користат улиците на градот, изјави градоначалничката Арифи. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра