Утрински Весник
Македонија

Загина мотоциклист во Гевгелија по судар со трактор

Двајца пешаци повредени во сообраќајка во Скопје

Гевгелија, 23 мај 2020 (МИА) – Пред околу три часа во сообраќајна несреќа на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија животот го загуби 73 годишниот З.П. од Гевгелија.

Во моментот на несреќата загинатиот управувал мотоцикл со кој, според очевидци, од споредна уличка излегол на улицата „Јосиф Јосифовски“ токму кога на тоа место поминувал тракторот со кој директно се судрил и настрадал.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од сообраќајна полиција и јавен обвинител од Основниот суд во Гевгелија. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница