Утрински Весник
Македонија

Жителите на Дебар и околината добија струја

Жителите на Дебар и околината добија струја

Стручните лица од интервентите екипи на АД МЕПСО по непрекината 16 часовна работа успеаја да го вклучат под напон 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље.

Со тоа денеска во 04:15 часот создадени се услови за жителите на Дебар и неколку околни населени места да добијат снабдување со електрична енергија.

Електро монтерите на МЕПСО минатата ноќ работеа во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, предизвикан од невремето, беше регистриран вчера во 10:35 часот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Со задоволство ќе го угостам Трамп Македонија

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството