Утрински Весник
Магазин

Жизел Бундшен ја напушта „Ај-ем-џи моделс“ по 22 години соработка

Жизел Бундшен ја напушта „Ај-ем-џи моделс“ по 22 години соработка

Жизел Бундшен е една од најпознатите светски модели.

А сега, таа се збогува со модната агенција IMG Models, по 22-годишна соработка.

40-годишната Бразилка, наводно, своето место во агенцијата ќе ѝ го отстапи на сестрата близначка Патриша, според „Пејџ сикс“.

IMG ја губи Жизел, но неодамна донесе некои нови истакнати таленти. Во последниот месец агенцијата потпиша договори со поетесата Аманда Горман, и со поќерката на Камала Харис, Ела Емхоф.

Од 2002 до 2017 година, бразилската манекенка Жизел Бундшен беше најплатен модел во светот, според магазинот „Форбс“. По 15 години на тронот, кралицата на модните писти  ја изгуби титулата најплатен модел. Кендал Џенер ѝ ја презеде круната на Жизел во 2017 година.

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“