Утрински Весник
Магазин

Железниот човек Роберт Дауни Џуниор во борба за животната средина

Железниот човек Роберт Дауни Џуниор во борба за животната средина

Холивудскиот актер Роберт Дауни Џуниор се трансформираше во суперхерој Тони Старк во блокбастерот „Железниот човек“. Сега кандидатот за „Оскар“ презема акција против еколошките закани на планетата.

Дауни Џуниор (55) бара одржлива технологија за решавање на проблеми како уништување на шумите и микропластика.

Ѕвездата на филмовите како „Железниот човек“ (2008) и „Одмаздници“ (2012) во средата објави дека иницира капитални фондови со цел „забрзување на револуционерни технологии кои ги адресираат најголемите светски еколошки предизвици“.

Дауни, алтер егото на Ајронмен, во 2019 година најави дека сака да ја спаси нашата планета од еколошка криза, ветувајќи дека ќе ја исчисти за една деценија.

Дауновата организација FootPrint Coalition („Коалиција на стапалки“), основана во 2019 година, и составена од инвеститори, донатори и волонтери посветени на изнаоѓање нови технологии за обновување на планета Земја, веќе инвестираше во компании како Ynsect, кои одгледуваат глисти, и Cloud Paper, која прoизведува бамбусова тоалетна хартија, меѓу другото.

Сега тој сака „брзо да мобилизира повеќе луѓе и да катализира повеќе капитал“.

„Постојат напредни технологии што ќе ги проверуваме… продолжуваме да го правиме она што го правиме, ќе ги бараме најдобрите во класата и ќе го забрзаме процесот на заштита на животната средина“, изјави Дауни за „Ројтерс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Студија покажа колку е подобро работењето од дома за здравјето на работниците

Слика на Клод Моне е продадена за речиси 35 милиони долари на аукција

Истражување – кои се најлошите возачи во Европа