Утрински Весник
Македонија

ЕУ на земјава и донира уште осум респиратори

Тешка состојба на паценти од Ковид-19 може да има и кај помлади лица
300x250 (7)

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Националниот координатор на странска помош во земјава и вицепремиер за европски прашања Бујар Османи, заедно со евроамбасадорот Самоел Жбогар и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја презентираат донацијата од Европската Унија од уште осум уреди за механичка вентилација (респиратори) и различни единици на лична заштитна опрема, како поддршка за земјава во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Европската Унија за земјава вети поддршка од четири милиони евра за набавка на итни медицински материјали за заштита и лечење на КОВИД-19. За нешто повеќе од еден месец, ЕУ во соработка со UNOPS – Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги и во координација со Секретаријатот за европски прашања веќе достави 12 уреди за механичка вентилација и околу еден милион единици на различна медицинска опрема и единици за лична заштита за медицинските работници.

Ss1

Од Делегацијата на ЕУ најавуваат дека до крајот на месецов ќе ги испорачаат сите преостанати првично планирани производи и покрај ограничената расположливост и високата побарувачка за специјализирана медицинска опрема и материјали за лична заштита. вј/ев/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби