Утрински Весник
Македонија

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

Владата на денешната петта седница, врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, го одобри договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД – Скопје како и со наменската сметка која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на одобрениот договор.

„Договорот за реализација на деловно техничка соработка има за цел да се обезбеди топлинска енергија за снабдување на жителите на Град Скопје“, се наведува во соопштението од седницата.

Владата денеска донесе и одлука со која се одобруваат текстовите на договорите со БЕГ и со топланата Скопје Север и со која се одобрува работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на АД ЕСМ во државна сопственост, со БЕГ и со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД – Скопје.

Можете да прочитате

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за српски пејачи, неизвесност за македонските лозари

Притвор за возачот на Јанушев, барал мито од 1500 евра „да среди“ вработување

Косел со тример и предизвикал пожар, полицијата уапсиммаж од Македонски Брод