Утрински Весник
Култура

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска

„Ерос и Танатос“ – самостојна изложба на Весна Ничевска
Ss2

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска.

Академската сликарка ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина во различни техники; туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.

Сензуалноста, еротиката и љубовта наспроти смртта и страста за живот инкорпорирани во сцени замрзнати во времето, а сепак толку живи претставени со брзи и експресивни, спонтани потези на хартија или платно.

Весна е родена 1977 во Скопје, дипломирала 2001 на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот „Кирил и Методиј“ – Скопје во класата на професор Родољуб Анастасов.

Учествувала на повеќе групни изложби, стрип-фестивали, објавувана е во повеќе стрип-ревии и илустрирала повеќе детски приказни.

Изложбата ќе трае до 20 јули.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“