Утрински Весник
Свет

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздух

Научниците откриja дека ниските температури влијаат на ширењето на коронавирусот
300x250 (7)

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздух, но се залага за дополнителни истражувања.

Во најновите упатства за пренесување на вирусот, СЗО признава дека во затворен простор постои можност за пренесување на вирусот преку воздухот, како на пример, ресторани или спортски сали.

Img 5587

Со тоа, одговори на отвореното писмо од 239 меѓународни научници кои ја повикаа СЗО и меѓународната медицинска заедница „да го признаат постоењето на можноста вирусот да се пренесува преку воздух“.

Сепак, СЗО додаде дека „итно е потребно дополнително истражување“.

СЗО е децидно дека новиот коронавирус се шири со директен или индиректен контакт со заразени површини или во близок контакт со заразени лица кои го шират вирусот преку капки, односно кога заразено лице кашла, кива, зборува или пее.

Велат дека пренесувањето на коронавирусот преку воздух може да се случи и преку медицински постапки, во текот на кои се ослободуваат аеросоли.

Некои извештаи за пандемијата кои се однесуваат на пренатрупани затворени простории, покажале дека постои можност за пренос на аеросоли, во комбинација со трансмисија на капки, во случаи како хорски проби, во ресторани или на часови по фитнес, пишува „Ројтерс“.

Аеросолите се цврсти честички или мали течни капки настанати од чад, прашина, летечки пепел и кондензирани гасовити супстанци, кои може да се најдат во атмосферскиот воздух.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина