Утрински Весник
Свет

Ердоган угостил делегација на Хамас во која имало баран терорист

Ердоган угостил делегација на Хамас во која имало баран терорист

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган викендов во Анкара беше домаќин на голема делегација од лидерите на Хамас, вклучувајќи и баран терорист, пренесува „Брејтбарт“.

Делегацијата го вклучувала заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, баран терорист за чие апсење се нудат 5 милиони американски долари. Ал-Арури е поврзан со неколку терористички напади против Израелците, вклучувајќи ги и киднапирањето и убиството на тројца израелски тинејџери на Западниот Брег во 2014 година, што тој го пофали како херојска операција.

На состанокот присуствувале и прекуокеанскиот лидер на Хамас, Махер Салах, Еззт ал-Рихик и претставникот на Хамас во Турција, Џихад Јагмор. Делегацијата се сретнала со турскиот премиер на разговори околу американскиот договор за нормализација меѓу Израел и ОАЕ, на кој и двете страни длабоко се спротивставуваат.

Хамас и турската владејачка партија имаат корени во Муслиманското братство. Ердоган во минатото ги обвини САД за соработка со терористите во Сирија поради американската поддршка за курдските борци кои се борат против ИСИС.

Шефот на Хамас, Исмаил Ханије, му честиташе на Ердоган откривање на новото поле со природен гасно и за повторното отворање на Аја Софија како џамија.  Аја Софија е една од двете антички цркви што Турција неодамна повторно ги претвори во џамии, предизвикувајќи бура од полемики.

Хамас, исто така, рече дека работи против јудаизацијата на Ерусалим од страна на Израел.

Според британскиот „Телеграф“, Турција им даде државјанство на високи оперативци на терористичката ќелија на Хама, но и дека Хамас заговара  терористички напади од турско тло.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни