Утрински Весник
Свет

Меланија му помага на Трамп, отвори изложба посветена на правото на глас на жените

Меланија му помага на Трамп, отвори изложба посветена на правото на глас на жените
Img 5587

Првата дама на САД, Меланија Трамп отвори изложба во Вашингтон посветена на 100-годишнината од воведувањето на право на глас за жените во САД и истакна дека 19. амандман на Уставот на САД, со кој е воведено тоа право, бил пресвртница за движењето кое се бори за женските права.

Изложбата, која се состои од уметнички дела од деца од 50 американски држави и округот Колумбија, беше отворена вчера, кога започна националната конвенција на американската Републиканска партија, на која сегашниот американски претседател Доналд Трамп беше официјално прогласен за републикански кандидат на ноемвриските претседателски избори во САД.

Ss1

Додека анкетите на јавното мислење покажуваат дека Доналд Трамп ужива мала популарност меѓу женскиот дел на гласачкото тело, Меланија Трамп се обиде да укаже на неговиот досегашен придонес во борбата за правата на жените.

Како што наведува АП, таа рекла дека за време на првиот претседателски мандат на нејзиниот сопруг, даночните олеснувања за издршка на децата се удвоени, дека стапката на невработеност кај жените е меѓу најниските регистрирани досега и дека Доналд Трамп ги поставил жените на многу истакнати позиции во неговата администрација.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Голем пожар во Берлин, зафатени хемикалии, опасност од отровни гасови и експлозии

ЕУ: Грците најмногу работат прекувремено, најмалку Бугарите

Цените на кафето вртоглаво ќе пораснат: Залихите никогаш помали, сушата го уништува родот