Утрински Весник
Свет

ЕМА ја одобри вакцината на „Модернa“ за деца над 12 години

ЕМА ја одобри вакцината на „Модернa“ за деца над 12 години

Вакцината против коронавирус од американскиот производител Модерна може да се инјектира и на деца и адолесценти на возраст од 12 години и повеќе, според препораката на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Експертите на ЕМА во Амстердам денес позитивно ги оценија релевантните податоци од студијата и го отворија патот за одобрување на вакцините за деца и млади на возраст од 12 до 17 години. Европската комисија сè уште треба да даде зелено светло, но тоа се смета за формалност.

Кон крајот на мај, вакцината „Фајзер“ беше одобрена за деца и за млади на возраст од 12 до 17 години.

Примената на вакцината „Модерна“ се заснова на истражување спроведено на 2.500 адолесценти во САД. Според компанијата, ефикасноста била 100 проценти. Американските власти сè уште размислуваат дали да ја одобрат вакцината за возраст од 12 до 17 години.

Можете да прочитате

Дрон влезе во романскиот воздушен простор

Дунав на рекордно ниско ниво, Романија го затвора единствениот преостанат нуклеарен реактор

Зеленски за Си-Ен-Ен: Украина има само една 10% од американските пресретнувачки ракети што ѝ се потребни