Утрински Весник
Магазин

Елен Помпео е подготвена да стави крај на „Вовед во анатомија“ по речиси 20 години

Елен Помпео е подготвена да стави крај на „Вовед во анатомија“ по речиси 20 години

52-годишната актерка, која ја глуми доктор Мередит Греј во маратонската ТВ-серија „Вовед во анатомија“ се обидува да ги убеди луѓето дека серијата треба да дојде до природен крај.

Во интервју за „Инсајдер“ додека ја промовира својата компанија Betr Remedies, Елен рече: „Се обидував да се фокусирам на тоа да ги убедам сите дека треба да заврши.

„Се чувствувам како да сум супернаивка која постојано вели: „Каква ќе биде приказната, каква приказна ќе раскажеме? И сите велат: кому му е гајле, Елен? Заработува газилион долари.“

„Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) почна да се емитува во 2005 година и неодамна ја заврши својата 18-та сезона.

Можете да прочитате

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк

Долговите наскоро би можеле да станат минато за овие четири хороскопски знаци

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија