Утрински Весник
Свет

СЗО: Омикрон е потврден во 106 земји

СЗО: Омикрон е потврден во 106 земји

Омикрон варијантата на коронавирус досега е потврдена во 106 земји, а ризикот од новиот вид што предизвикува загриженост ширум светот останува многу висок, објави Светската здравствена организација.

Помеѓу 20 октомври и 19 декември, омикрон бил откриен кај 1,6 отсто од секвенционираните примероци, според неделниот билтен на СЗО.

Делта сојот останува доминантен во светот и е забележан во 96 отсто од примероците, пренесе агенцијата „Тасс“.

Најновите докази покажуваат дека омикрон варијантата се шири брзо во однос на делта сојот, дури и во земји со висок степен на колективен имунитет, наведува СЗО.

Кога станува збор за клиничката слика од омикрон и тежината на болеста што ја предизвикува, податоците се сè уште ограничени, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени