Утрински Весник
Свет

ЕК: „Спутник B“ не е дел од ЕУ-стратегијата за вакцинација

ЕК: „Спутник B“ не е дел од ЕУ-стратегијата за вакцинација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската комисија вели дека руската вакцина „спутник В“ не е дел од ЕУ-стратегијата за вакцинација, ниту, пак, се разговара со нејзините производители за вклучување во стратегијата на ЕУ.

Се додава дека рускиот производител на „спутник В“ е во контакти со Европската агенција за лекови во врска со процената на оваа вакцина.

„ЕУ има пазар за вакцини кој подлежи на строги услови, а на кој може да се појават вакцини, без разлика од каде доаѓаат, сè додека ги исполнуваат критериумите. Од друга страна, постои стратегија за вакцинација врз основа на која беа избрани компании и беа потпишани договори за вакцини, и ние не разговараме со производителите на ‘спутник В’ за пристапување кон нашата стратегија“, вели портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Европската комисија додава дека вакцините кои се дел од стратегијата на ЕУ подразбираат процес на инвестиции на ЕУ во развој на вакцини и производствени капацитети на територијата на ЕУ.

Во исто време, се нагласува дека земјите членки имаат можност билатерално да договараат аранжмани со производители на вакцини кои не се опфатени со стратегијата на ЕУ и да ја преземат одговорност за употребата на овие вакцини исклучиво на нивна територија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година