Утрински Весник
Спорт

Екс-селекторот на Македонија се враќа на местото на успехот, во Подгорица

Екс-селекторот на Македонија се враќа на местото на успехот, во Подгорица
Ss2

Поранешниот македонски кошаркарски селектор, Александар Џикиќ по вторпат во тренерската кариера седнува на клупата на Будуќност од Подгорица, на местото на тренерот Дејан Милојевиќ.

50—годишниот стручњак од Белград со екипата од главниот град на Црна Гора ја освои АБА лигата и донесе историски пласман во Евролигата.

Ss1

Џикиќ потпиша двегодишен договор.

„Александар Џикиќ ја обележа нашата најславна сезона, кога под неговата тренерска палка ја покоривме АБА лигата. Создаде една компактна, војничка, фајтерска екипа која подеднакво се бореше на домашен и на гостински терен. Под негово водство поставивме рекорд во Евролигата по број на погодени тројки на еден меч. Со него одиме во нови походи. Александар Џикиќ е тренер на Будуќност“ се вели во соопштението на клубот.

Будуќност во наредната сезона ќе игра во Еврокупот затоа што во финалето на АБА беа поразени со 3-2 од Црвена Звезда.

> Екс-селекторот на Македонија се враќа на местото на успехот, во Подгорица <

Ss1

Можете да прочитате

Модриќ урна рекорд стар 60 години

30 години од смртта на Аиртон Сена

Еве зошто 1 мај е среќен датум за Меси