Утрински Весник
Свет

Експлодираа неколку бомби во Авганистан – 14 лица загинаа, а 45 лица се ранети

Бомбаш самоубиец со камион влета во воен конвој и уби осум војници во Авганистан

Во две експлозии во централен Авганистан, во провинцијата Бамијан, загинаа најмалку 14 лица, а 45 се повредени, соопштија денеска властите. Во исто време, меѓународната заедница побара помош за Авганистан во Женева, објави Ројтерс.

Експлозивните направи биле скриени покрај патот, во близина на главната чаршија во градот Бамијан, а во експлозијата загинале 12 цивили и двајца сообраќајни полицајци, а 45 минувачи биле повредени, изјави Забардаст Сафаџи, шеф на полицијата во таа провинција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп подготвува нови царини за ЕУ и Кина, одлуката се очекува во наредните денови

„Мајкрософт“ воведе „црвен код“ по глобалниот пад на Outlook и Teams

Првпат странец ќе претсојува во кинеската вселенска станица „Тјангонг“