Утрински Весник
Свет

Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија, Венди Баркли.

Баркли е раководителка на Одделот за заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, а денеска им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е оти ќе биде можно комбинирање на вакцината против сезонски грип со вакцина против Ковид-19, објави Си-ен-ен.

„Верувам дека следната година навистина ќе видиме повеќе напредок во епидемиологијата во однос на тоа како може да се запрат новите видови на ковид, односно колку брзо тие можат да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така ќе знаеме колку траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно и колку долго ќе биде потребно за да се направат поефикасни“, рече Баркли.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие мојот син

Банди извршија масакр во Хаити, над 40 лица убиени

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген