Утрински Весник
Свет

Европски медиуми: Америка ја вовлекува неволната Европа во конфликт со Кина

Некои аналитичари во ЕУ сметаат дека Америка во суштина ја вовлекува Европа во конфликт со Кина против нејзината волја и интереси.

dobivaj vesti na viber

Додека некои медиуми во американската политика со симпатии кон земјите од Европската унија бараат Европа, на ист начин како и во случајот со Украина, да направи економски жртви и да му помогне на Вашингтон во поддршката на Тајван да се спротивстави на политиката на Пекинг.

Шведскиот дневен весник „Експресен“, слично како и весниците особено во Полска и балтичките земји, прави паралела со поддршката на Западот за Киев во војната со Русија и вели дека „факт е дека Украина се бори херојски и тоа ја чини Русија многу… со санкции од САД и ЕУ“, и затоа бара на ист начин да му се помогне на Тајван.

Многу аналитичари во ЕУ истакнуваат дека САД и Европа во политиката и политичките режими на Русија и Кина гледаат витален конфликт помеѓу демократијата и авторитарната визија за општествениот поредок и поделбата на светот, за што, пред сè, Вашингтон верува дека е повикан и моќен да спречи.

Но, тие забележуваат и дека реакцијата на Кина била жестока, досега кон Америка, па прашуваат како Европската унија, со енергетската криза со Русија, можела да ги надмине можните санкции од Пекинг, кој е главен трговски партнер на Германија и важен пазар за другите членки од унијата.

Шпанскиот дневен весник „Вангардија“ смета дека „патувањето на Пелоси во Тајпеј било симбол на ароганцијата на таа голема сила“.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ смета дека „без разлика на здравиот разум, хуманоста и економските интереси, нема сомнеж дека (кинескиот претседател) Шји Џинпинг не ја исклучува употребата на сила“ против Тајван, која ја смета за дел од неговата територија како дел од политиката „Една Кина“.

Миланскиот весник додава дека „Кина, втората светска економска сила, тогаш би се нашла на удар, ако не директно од американска интервенција, туку со истите мерки како Владимир Путин поради Украина, со изолација и санкции… но тоа би значи дека целиот глобализиран свет ита во тешка сива зона на дестабилизација“.

Германскиот портал „Евроинтелигенс“ во остар коментар наведува дека „глупоста на неколку американски политичари кои истовремено се обидуваат да се справат со Кина и Русија налага заклучокот дека Европа во никој случај не е иста како што беше во 19. 20 век“.

Италијанскиот весник „Република“ е на мислење дека „исто како и во случајот со Украина, каде што вистинскиот страв на Владимир Путин не е проширувањето на НАТО, туку опасноста од демократска зараза, Тајван претставува големо зло за Шји Џинпинг, трансформација на Кина во демократски поредок заснован на владеење на правото“.

„Дојче веле“ заклучува дека факт е дека „сега заканата од војна е во воздухот, а во прашање се светот и нуклеарните сили, иако Тајван е нерешлив замрзнат конфликт, па ако замрзнатиот конфликт не може да се реши, тогаш замрзнат треба и да се чува“.

Можете да прочитате

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

Палестинската управа формира нова влада