Утрински Весник
Свет

Европскиот суд го прогласи за неважечки договорот за размена на податоци со САД

Европскиот суд го прогласи за неважечки договорот за размена на податоци со САД

Европскиот суд за правда го прогласи за неважечки договорот кој им овозможува на големите технолошки компании да пренесат податоци во Америка и националните регулатори мораат да преземат поостри мерки за да ја заштитат приватноста на податоците на корисникот.

Оваа одлука не значи моментално прекинување на сите преноси на податоци надвор од ЕУ, бидејќи постои уште еден правен механизам кој некои компании можат да го користат.

Сепак, одлуката на судот значи дека надѕорот над преносот на податоците ќе биде зајакнат и дека ЕУ и САД можеби ќе мораат да пронајдат нов систем кој гарантира дека на европските податоци ќе им биде пружена иста заштита на приватноста во САД како и во ЕУ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба