Утрински Весник
Свет

Европската комисија одобри да се купат дополнителни 300 милиони дози од вакцината на Модерна

Претседателката на ЕК повторно тестирана – останува во самоизолација

Европската Комисија  го одобри вториот договор со фармацевтската компанија „Модерна“ за набавка на дополнителни 300 милиони дози вакцина против Ковид-19, од кои 150 милиони дози ќе бидат доставени оваа година, а 150 милиони следната година.

“Денес обезбедивме 300 милиони дополнителни дози од вакцината против Ковид-19 произведени од „Модерна“. Вакцината на компанијата е една од трите досега одобрени за употреба во Европската унија”, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Со овие дополнителни дози, ЕУ обезбеди околу 2,6 милијарди дози за нејзините граѓани и за соседните земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември