Утрински Весник
Македонија

Европската комисија напиша северномакедонски, па го избриша твитот

Eвропската комисија напиша „северномакедонскиот претседател“ и „северномакедонското Собрание“ па веднаш го повлече твитот за најавата за утрешната посета на претседателката Урсула фон дер Лајен на Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Претседателката Фон дер Лајен утре ќе биде во Скопје за да се сретне со северномакедонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во северномакедонското Собрание на пленарна седница во 13:00 часот“, пишуваше во првиот твит.

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека реагирале веднаш штом забележале дека е употребена несоодветна придавка.

Европската комисија потоа објави нов твит.

„ Претседателката Фон дер Лајен утре ќе биде во Скопје за да се сретне со претседателот на Северна Македонија и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во Собранието на Северна Македонија на пленарна седница во 13:00 часот“.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ го избра Пренџов за заменик на генералниот секретар

Савески: Обвинителството води предистраги и истраги за актуелни високи функционери

Димитриевски: ЗНАМ ќе го преиспита учеството во Владата ако се игнорира ставот за правосудниот испит