Утрински Весник
Спорт

Дурент: Сите сакаат да гледаат како губиме, ОИ нема да се само прошетка!

Дурент: Сите сакаат да гледаат како губиме, ОИ нема да се само прошетка!

Најголемата ѕвезда во олимписката кошаркарска репрезентација на САД – Кевин Дурент денеска изјави дека поразите од Нигерија и Австралија беа добри „шлаканици“ за екипата во подготвителниот период.

„Чувствувам дека се ќе биде во ред кога ќе почнеме да играме мечеви со резултатско значење. Добро дојдоа „шлаканиците“ да не потсетат дека на ОИ нема да се оди само на прошетка. Мислам дека се подобро разбираме што селекторот сака од нас, момците што поудобно да се чувствуваат и подобро да ја разбираат својата улога“ – рече Дурент.

Дурент беше дел од селекцијата која триумфираше на ОИ во Лондон во 2012 година и во Рио во 2016-тата, па знае како изгледаат дуелите со сериозни селекции, пред се оние од Европа.

„Сите сакаат да гледаат како губиме, секој натпревар носи малку повеќе притисок, нашите противници добиваат самодоверба. Сепак, знаеме во што се впуштаме“ вели водачот на селекцијата на САД.

> Дурент: Сите сакаат да гледаат како губиме, ОИ нема да се само прошетка! <

Можете да прочитате

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место