Утрински Весник
Македонија

Дука: Им благодарам на докторите кои дојдоа од други градови за пожртвуваноста и придонесот за здравјето на нашите граѓани

Дука: Им благодарам на докторите кои дојдоа од други градови за пожртвуваноста и придонесот за здравјето на нашите граѓани
Img 5587

Дебар, 4 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на денешната прес-конференција искажа голема благодарност до групата лекари специјалисти кои Министерството за здратвство ги упати во Дебар.

-Извршена е ротација на групата лекари кои беа во Дебар, а пристигнаа четворица други. Голема благодарност до лекарите кои во оваа тешка состојба беа рамо до рамо со лекарите во Општата болница во Дебар, на кои од се срце им благодариме за нивната пожртвуваност и придонес во заштита на здравјето на нашите граѓани, рече Дука.

Img 5587

Тој информраше и околу безбедносната состојба во измнатите 24 часа, која ја оцени како мирна.

-Не е забележано непочитување на полицискиот час, додека 126 лица кои се во домашна изолација редовно се контролираат од полиција,со цел да не излегуваат и да се движат низ градот. Бројот на оние кои се во домашна изолација е помал споредено со вчера, а од денес тој број се очекува да биде помал за четиресеттина бидејќи им изминува периодот на задолжителна домашна изолација, додаде Дука.

Според него до вчера потврдените 49 случаи со коронавирус, 11 се излекувани, за жал четворица починале, додека 34 се лекуваат, при што дел од нив го поминале двонеделниот карантин и ним им се земени два теста, по што доколку и вторит тест биде негативен, ќе се сметаат за излекувани.

Според него се очекуваат резултати од тестраните 22 сомнителни лица.

-Максимално сме ангажирани и се очекува во текот на денешнот или утрешниот ден да се надмине проблемот на дебарските транпортери со што ќе може да вршат транспорт на стока. Откупот на јагнињата почна вчера и тоа се одвива непречено. Останува да го решиме проблемот со дебрани кои работат во други градови во Македонија а живеат во Дебар, а кои со прогласувањето на кризната состојба не се на нивните работни места, рече Дука.

Упати апел за строго почитување на мерките и препораките со напомена дека состојбата со корона епидемијата не е надмината.вт/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)