Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Скандалозна е споредбата на ЕУ и Фон Дер Лaен со нацистите од страна на ВМРО

Демократската унија за интеграција го осудува навредливиот речник на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска која во својот скандалозен говор во Собранието ја спореди Европската Унија со нацистичкиот режим, по посетата која ја реализираше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лаен во нашата земја.

dobivaj vesti na viber

Употребата на една таква апсурдна реторика, инспирирана од деструктивната антизападна и проруска идеологија, велат од ДУИ е неприфатлива и за неа нема место во нашето демократско општество.

Апелираат до сите пратеници за зрелост, разумност, почитување на етичкиот кодекс на говор во домот на демократијата и пред се за почит кон поддршката што земјите на Европската Унија секогаш ја давале за демократскиот развој на нашата земја.

Бараат пратеничката Лозановска јавно да се извини, а ВМРО ДПМНЕ да се огради од говорот на пратеничката барајќи одговорност за зборовите кои што денес таа ги употребила.

„Демократската унија за интеграција повикува на рационалност и зрелост од сите партии во процесот на одлучување, сега кога е евидентно дека францускиот предлог не го нарушува јазичниот, културниот и историскиот идентитет на македонските граѓани“, потенцираат од оваа партија.

Можете да прочитате

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите

Од утре нов раст на температурите

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата