Утрински Весник
Свет

Бајден: Палестинскиот народ заслужува своја држава која е независна, суверена, одржлива и поврзана

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден утврди дека неговата влада инсистира на одговорност за убиството на новинарката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех во мај од страна на израелската армија, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

„Соединетите Американски Држави ќе продолжат да инсистираат на целосно и транспарентно толкување на нејзината смрт и ќе продолжат да се залагаат за слободата на медиумите насекаде во светот“, рече Бајден на заедничката прес-конференција со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, пренесуваат агенциите.

„Се надевам дека нејзиното дело ќе инспирира повеќе млади луѓе да продолжат со нејзината работа на известување за вистината и раскажување приказни кои премногу често се занемаруваат“, кажал тој.

За време на неговото обраќање до медиумите, Бајден изјавил дека палестинскиот народ заслужува своја држава која е независна, суверена, одржлива и поврзана, пишуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

Огромна инвестиција на Тојота во Индија – јапонскиот гигант планира три нови фабрики

Петер Маѓар го назначи зетот за министер

Во Финска почнуваат артилериски вежби на трупи од 10 земји во близина на руската граница