Утрински Весник
Магазин

Дуа Липа, Селесте и Арло Паркс водат по номинации за „БРИТ авордс“

Дуа Липа, Селесте и Арло Паркс водат по номинации за „БРИТ авордс“

Пејачките Дуа Липа, Селесте и Арло Паркс доминираа на овогодинешните номинации за наградите „БРИТС“ во средата. Трите пејачки добија по три номинации за британските почести на поп музиката, соопштија организаторите.

Трите Британки се номинирани во категориите женски соло изведувач и албум, со признанија за нивните аудио записи – Липа за Future Nostalgia, Селесте за Not Your Muse и Парк за Collapsed in Sunbeams.

Топ лидерот Липа, која ќе настапи на церемонијата на 11 мај во Лондон, исто така ќе се натпреварува за најдобар британски сингл за Physical.

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“