Утрински Весник
Политички Партии

ДС: Ковид-болницата во Тетово беше цел на криминални дејства, преку обидот да се уништат бакарните цевки за довод на кислород

ДС: Ковид-болницата во Тетово беше цел на криминални дејства, преку обидот да се уништат бакарните цевки за довод на кислород
Ss2

Демократскиот сојуз изрази сочувство на семејствата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово.

Од таму велат дека во овој момент најважно е истражните органи што побрзо да ги откријат причините за големата трагедија и, доколку се констатира дека зад тоа стои човечки фактор, итно да се преземат мерки за одговорност.

Ss1

„Ковид-болницата во Тетово и претходно беше цел на криминални дејства, преку обидот да се уништат бакарните цевки за довод на кислород, така што овој случај не смее да остане со неодговорени прашања“, велат од  Демократскиот сојуз.

Партијата на сите повредени од пожарот им посакува побрзо оздравување и, истовремено, ги повикува медиумите да се воздржат од сензационалистички шпекулации.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт