Утрински Весник
Свет

Драма во Словачка: парламентот е затворен поради закана од бомба

Драма во Словачка: парламентот е затворен поради закана од бомба

Зградата на словачкиот парламент денеска беше затворена поради закана дека во неа наводно е поставена бомба.

Никој не смее да влегува или да излегува од собраниската зграда.

Портпаролката на парламентот, Михаела Јурчова, за агенцијата ТАСР потврди дека постои безбедносен ризик и дека безбедносните сили во моментот вршат преглед на делови од зградата отворени за јавноста.

Можете да прочитате

Путин: Влегувањето на европски трупи во Украина би значело војна со Русија

Бројот на заразени со ебола надмина 7.000 во ДР Конго

Израел активираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи потрес со јачина од 4,1 степен