Утрински Весник
Македонија

До сабота стабилно и топло, в недела пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и топло време со пораст на дневните температури. За време на викендот во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В недела ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.

Можете да прочитате

Груевски до власта: Не продолжувајте ја валканата игра од минатото

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Ерменија, Хачатурјан

Македон освои два златни медали на Германската математичка олимпијада