Утрински Весник
Спорт

Дончиќ шуо против Клиперс, Харден ја растури Индијана, Јокиќ влезе во историјата на Денвер

Дончиќ шуо против Клиперс, Харден ја растури Индијана, Јокиќ влезе во историјата на Денвер

Далас Маверикс ги совладаа ЛА Клиперс со 105:89. Дербито во Западната конференција мина во доминација на Лука Дончиќ, кој ги засени ѕвездите на Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ.

Дончиќ натпреварот го заврши со 42 поени, девет скока и шест асистенции. Во тимот на Далас уште четворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

Каваи Ленард постигна 28, а Пол Џорџ 20 за Клиперси.



Деневр Нагетс лесно се справија со франшизата на Мајкл Џордан, Шарлот Хорнетс. Нагетс победија со 129:104. Никола Јокиќ 10 пат сезонава, а 51 пат во кариерата забележа трипл-дабл (12 поени и по 10 скока и асистенции). Српскиот центар влезе во историјата на франшизата од Денвер, против Шарлот го забележа 228 дабл-дабл во кариерата со што го мина на вечната листа легендарниот Дикембе Мутомбо.

Бруклин Нетс се искачија на лидерската позиција на Истокот, откако славеа над Индијана 124:115. Во отсуство на Кајри Ирвинг и Кевин Дурент, Џејмс Харден ги предводеше Нетс. „Брадата“ забележа трипл-дабл од 40 поени, 10 скока и 15 асистенции. За Харден ова е 11 трипл-дабл оваа сезона.

Резултати:

Детроит-Торонто 116:112
Индијана-Бруклин 115:124
Филадлефија-Милвоки 105:109
Вашингтон-Сакраменто 119:121
Чикаго-Сан Антонио 99:106
Кливленд-Бостон 117:110
Хјустон-Голден стејт 94:108
Денвер-Шарлот 129:104
Мемфис-Мајами 89:95
Далас-ЛА Клиперс 105:89

> Дончиќ шуо против Клиперс, Харден ја растури Индијана, Јокиќ влезе во историјата на Денвер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина