Утрински Весник
Македонија

Донесена владина Уредба за финансирање на ОТА за време на вонредна состојба

Донесена владина Уредба за финансирање на ОТА за време на вонредна состојба

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Владата на 71-та седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за електронски комуникации во делот на финансирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), за време на вонредна состојба, а со цел обезбедување континуитет на работењето на Агенцијата во текот на 2020 година.

Уредбата, стои во денешното соопштение од Владата, се однесува за непречено извршување на дејноста на Оперативно-техничката агенција, како и спроведување на надлежностите на Агенцијата за електронски комуникации утврдени во закон. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети

Седат Сулејмани и официјално го презеде Министерството за култура и туризам

Македонец со нож тргнал да убие Србин на брод во Хрватска