Утрински Весник
Спорт

Добри вести за Зидан, Касемиро повторно тренира

Добри вести за Зидан, Касемиро повторно тренира

Бразилецот Касемиро им се приклучи на соиграчите од Реал Мадрид, откако 11 дена мина во самоизолација поради коронавирусот.

Враќањето на касемиро малку ќе му го поправи расположението на тренерот Зинедин Зидан, кој во пресрет на гостувањето во Виљареал, се соочува со сериозни кадровски проблеми.

Во Реал се уште позитивни на коронавирусот се Еден Азар и Едер Милитао. Тие во самоизолација работат по специјална програма за да останат во форма.

Поради повреди Зидан се уште не може да смета на Дани Карвахал, Начо, Алваро Одриозола и Федерико Валверде, додека нема информации дали Карим Бензема се рехабилитирал од повредата.

> Добри вести за Зидан, Касемиро повторно тренира <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид