Утрински Весник
Македонија

Нападната вработена во ковид-центар во Скопје

Нападната вработена во ковид-центар во Скопје

Вработена во Градската општа болница „8 Септември“ била физички нападната на работното место.

„С.С.(34) од Скопје пријавила дека на 13.11.2020 околу 10.30 часот во Градската општа болница „8 Септември“, додека извршувала работни задачи во амбуланта во рамки на Ковид центарот, била физички нападната од едно лице“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Засега не се познати повеќе детали, а од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Владата ќе организира трибина „Темел на државноста- визија за иднината” во чест на Гоце Делчев

Навивач паднал од трибина на стадионот во Гостивар