Утрински Весник
Македонија

Директорот на БЈБ Тасевски во посета на јужната граница со делегација од Република Италија

Директорот на БЈБ Тасевски во посета на јужната граница  со делегација од Република Италија

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, заедно со делегација од Република Италија, предводена од амбасадорот Андреа Силвестри и полициското аташе Диего Морели ја посетија јужната граница, поточно Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Делегацијата најнапред го посети граничниот премин Богородица од каде се упати кон местото викано „Вршник Бара“, каде што беше презентиран начинот на обезбедување на државната, т.е. зелената граница, а пред присутните беа претставени и современите технички средства за обезбедување на границата. Во рамки на посетата обиколка беше направена и на местото викано „Чука“, каде пред присутните беа посочени најчестите места кои мигрантите ги користат за илегално преминување на границата.

Дополнително беа посетени и граничниот Камен 59, место познато од периодот на мигрантската криза, како и привремениот транзитен центар „Винојуг“. Посетата на делегацијата на јужната граница заврши со работна средба на граничниот премин Дојран, каде од надлежните беше запознаена со трендовите на илегална миграција во Дојранскиот регион.
Амбасадорот Силвестри изрази исклучително задоволство од начинот на справување на нашата полиција со мигрантската криза, истакнувајќи ја нејзината клучна улога во менаџирањето и спречувањето на илегалната миграција.

Можете да прочитате

Без струја делови од Ѓорче Петров и Зелениково, а без вода дел од Карпош

Во сабота почнува увидот во избирачкиот список, ќе трае 20 дена

Патот Македонски Брод – Скопје и натаму затворен поради пожар – На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути