Утрински Весник
Македонија

Димитров: Новиот пристап ќе донесе резултати во корист на Бугарија, ова е „салама тактика“

Димитров: Новиот пристап ќе донесе резултати во корист на Бугарија, ова е „салама тактика“

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров предупреди дека новиот пристап во односите со Софија би дале резултати, но во полза на Бугарија.

Тој на социјалните мрежи напиша дека Софија прифатила да го користи краткото име, нешто што, како што вели Димитров, само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.

„За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка.
Сега ова биле резултатите со новиот пристап“, пишува Димитров.

Понатаму тој додаде дека додека бил на функцијата вицепремиер за европски прашања се држел до пристапот дека ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања. Но сега, пристапот и суштината се сменети во „салама” тактика.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДУИ: Спорно е отпуштањето на петмина Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“