Утрински Весник
Економија

Дизелот се намалува за два и пол денари, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 29.06.2022 година.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) се намалува за 2,00 ден/лит.

Од 2.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 109,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 111,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 104,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 103,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,305 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,573%, кај дизелот за 3,326%, кај екстра лесното масло за 3,241% и кај мазутот има зголемување е за 1,197%.

Можете да прочитате

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат

СДСМ најавува седумчасовен работен ден во три сектори од 2025

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден