Утрински Весник
Магазин

Дејвид Бекам потпишал договор за документарец за неговиот живот

Дејвид Бекам потпишал договор за документарец за неговиот живот
Ss2

Англиската фудбалка легенда Дејвид Бекам, наводно, склучил договор со „Нетфликс“ во износ од 16 милиони фунти (28 милиони американски долари) за документарен филм за неговиот живот.

На програмата е предвидено да се прикажат досега невидени интимни видео-снимки од неговите родендени, Божиќните празници како дете, како и снимки со сопругата Викторија Бекам низ годините.

Програмата ќе вклучува интервјуа и коментари на Викторија и нивните деца Бруклин (21), Ромео (18), Круз (15) и деветгодишната Харпер.

„Ова е вистински пехар за Нетфликс, и ќе покаже сосема друга страна на Дејвид, онаа што јавноста многу ретко може да ја види,“ извор близок до Бекамови изјави за весникот „Сан“.

„Семејството на Дејвид се големи архивари, тие гордо ја документираат неговата кариера уште од момче и ги чуваат сите стари исечоци на локални весници, училишни записи и тимски фотографии низ годините,“ додаде изворот.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август