Утрински Весник
Магазин

Дејвид Бекам заработува 70 милиони долари од видео игра

Дејвид Бекам заработува 70 милиони долари од видео игра

Дејвид Бекам, наводно, заработува повеќе од фудбалска видео игра отколку што некогаш заработил во текот на својата кариера на професионален фудбалер.

Фудбалкската легенда (43), кој се повлече од спортот во 2013 година, потпиша тригодишен договор вреден 40 милиони фунти (70 милиони долари) за да се појави како играч икона во видео играта ФИФА 21.

Извор изјави за весникот Сандеј Мирор: Авторите на „ФИФА ЕА спортс“ му понудија 30 милиони фунти за три години, но тој успеа да постигне подобра спогодба.

„Тоа е голем додаток на брендот Бекам и најлесните пари што некогаш ги заработил,“ рекол истиот извор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Истражување: 10 професии што најчесто водат кон развод

Безос: ВИ би можела да ни донесе тридневна работна седмица

Може ли диоптријата да се „излечи“ без очила, науката го даде одговорот