Утрински Весник
Македонија

Дечев најави формирање на бугарско-македонска „Историска комисија во сенка“

Ќе се формира заедничка бугарско-македонска историска комисија во сенка која ќе работи паралелно и ќе го ослободи преговарачкиот процес меѓу Софија и Скопје, изјави за Бугарското национално радио историчарот Стефан Дечев од новоформираниот клуб за бугарско-македонско пријателство.

Дечев рече дека таа Комисија ќе има своја агенда, свој календар и свои состаноци и цели и ќе покаже дека не мора да има скандали по секој состанок на историчарите од двете земји. Вели дека оваа комисија ќе биде предизвик за другата комисија.

Стефан Дечев изрази надеж дека учесниците во комисијата во сенка ќе бидат подготвени за отворен дијалог.

„Не си поставивме цел да биде укинато ветото до јуни, имаме реален пристап“, рече Дечев.

Во врска со изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев во однос на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Дечев оцени дека шефот на бугарската држава не е тој што треба да кажува како стојат работите кога станува збор за историјата.

Можете да прочитате

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за српски пејачи, неизвесност за македонските лозари

Притвор за возачот на Јанушев, барал мито од 1500 евра „да среди“ вработување