Утрински Весник
Свет

Дефект на системот за снабдување со кислород на вселенската станица

Дефект на системот за снабдување со кислород на вселенската станица

Се расипа системот Електрон-ВМ кој го снабдува со кислород екипажот на Меѓународната вселенска станица, изјави руски космонаут.

Тој известил за дефектот во рускиот Центар за контрола на летот. Подоцна Центарот за контрола на летот информирал дека не е потребно да се преземаат мерки, пренесува Тасс.

„Утре ќе се справиме со ситуацијата“, велат од Центарот за контрола на летот.

Системот за снабдување со кислород Електрон-ВМ, развиен од Рускиот институт за истражување и дизајн на хемиско инженерство (NIIChimMash), работи на вселенската станица уште од нејзиното создавање.

Системот може да генерира од 25 до 160 литри кислород на час и дополнително од 50 до 320 литри водород на час.Во април 2010 година, на екипажот му беа потребни неколку дена да го поправат расипаниот систем.

Вселенската станица има на располагање резерви на кислород, додека американскиот модул „Мир“ има своја опрема за генерирање кислород.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година