Утрински Весник
Свет

Десет години по масакрот во Норвешка, Брејвик бара ослободување

Десет години по масакрот во Норвешка, Брејвик бара ослободување
Ss2

Десет години по извршувањето на најсмртоносниот напад во Норвешка, десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик ќе побара од судот условно ослободување, а се очекува судот да го одбие барањето. Семејствата на жртвите, кои стравуваат дека Брејвик ќе го искористи сослушувањето за да ги промовира неговите политички ставови, апелираат да му се ускрати вниманието што го бара.

Од безбедносни причини, општинскиот суд во јужниот регион Телемарк ќе одржи рочиште за барањето на Брејвик во салата на затворот Скиен, каде што Брејвик ја отслужува казната.

Ss1

Брејвик, кој уби 77 луѓе, во 2012 година беше осуден на 21 година затвор, со можност за неопределено продолжување на казната додека тој претставува закана за општеството. Во тоа време, тоа беше најголемата можна казна во Норвешка, иако оттогаш законот беше изменет за да се овозможи изрекување подолги затворски казни.

Екстремистот морал да одлежи најмалку 10 години затвор пред да поднесе барање за условно ослободување.

Брејвик, кој сега има 42 години, уби осум лица во Осло со активирање на камион полн со експлозив пред владините канцеларии на 22 јули 2011 година. Потоа застрела 69 луѓе, главно тинејџери, во летниот младински камп на Лабуристичката партија на островот Утоја. Тоа е најсмртоносниот напад во Норвешка од Втората светска војна.

„Како и во секоја друга држава со владеење на правото, осуденикот има право да поднесе барање за условно ослободување. Брејвик одлучи да го искористи тоа право“, изјави неговиот адвокат Ојстеин Сторвик за AFP.

На суд и во различни комуникации, вклучително и со АФП, Брејвик во минатото тврдеше дека се дистанцирал од насилство. Сепак, Торе Бјорко, раководител на Центарот за проучување на екстремизмот (C-REX) на Универзитетот во Осло, вели дека Брејвик не станал помал екстремист во идеолошка смисла.

„Сега тој се претставува како националсоцијалист. Иако вели дека, што се однесува до него, вооружената борба е минато, тој на ниту еден начин не се огради од масовното убиство што го изврши и кое го смета за целосно легитимно“, рече тој.

Во тужбата против норвешката држава што ја поднесе во 2016 година за изолација во затвор, Брејвик се спореди себеси со Нелсон Мандела, истакнувајќи дека тој преминал од вооружена во политичка борба.

Ss1

Можете да прочитате

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород

Израел повика на евакуација на Рафа пред можна офанзива

Гласачите во Панама го избраа Мулино за нов претседател