Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Десетгодишно девојче се удави во река во селото Бањица

Десетгодишно девојче  се удави во река во селото Бањица
300x250 opst2

Велес, 9 март 2020 (МИА) – Десетгодишно девојче, кое вчера околу 9 часот исчезна од село Бањица, Општина Чашка, утрово е пронајдено мртво во матните води на реката Мала Речица под селото Бањица. Станува збор за десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера исчезна, а што било пријавено и во СВР Велес, потврди за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Исчезнатото девојче вчера цел ден напорно го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот  за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски,кој информира за МИА.
Тој додаде  дека на копно го барале припадници на СВР Велес и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес.
Инаку утрово девојчето го нашле селаните од селото Бањица.
За пронаоѓањето на телото на девојчето во водите на реката Мала Речица, а по вчерашното целодневно напорно пребарување,  потврди градоначалникот Горан Стојановски.
Тој тажната вест утрово ја објави на својот ФБ профил.

 

-Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството,напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.ад/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

В.Д. градоначалникот на Кочани вчера го нападна Панчо дека бил виновник за пожарот – Антич не штедеше навреди кон него (ФОТО)

Божиновска: Владата нема толеранција за незаконско експлоатирање – Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција