Утрински Весник
Политички Партии

Демократски сојуз: Факт е против кого и за што се бореле партизаните

Демократски сојуз: Факт е против кого и за што се бореле партизаните
300x250 (7)

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

Како што велат од партијата, на денешениот датум треба да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои, кои се вградија себе во слободата на Македонија.

Ss1

„Тогаш, во далечната 1941 година, кога сè изгледаше безнадежно, македонскиот народ, заедно со сите граѓани, се крена на востание за слободна и самостојна Македонија.

И денес, кога Македонија, која по којзнае кој пат, се соочува со огромни предизвици и провокации поврзани со обиди за искривување на нејзината историја и самобитност, доволно е само да се потсетиме на славното мото на македонските партизани – Смрт на фашизмот, слобода на народот“, нагласуваат од Демократскиот сојуз, додавајќи дека тоа доволно кажува против кого се кренале на востание партизаните и за што се бореле.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт