Утрински Весник
Свет

Кина ги победи САД во борбата за вештачка интелигенција, тврди поранешен шеф во Пентагон

Кина ги победи САД во борбата за вештачка интелигенција, тврди поранешен шеф во Пентагон
Ss2

Кина ги победи САД во битката за вештачка интелигенција и е на пат за глобална доминација поради нејзиниот технолошки напредок, изјави поранешниот шеф на управата за развој на софтвер во Пентагон за „Фајненшл тајмс“.

Според проценките на западните разузнавачки служби, Кина, втората по големина светска економија, во наредните десетина години веројатно ќе доминира во многу нови технологии, особено вештачката интелигенција, синтетичката биологија и генетика.

300x250 (7)

Николас Шајлан, првиот шеф за развој на софтвер во Пентагон, поднесе оставка во знак на протест поради бавната технолошка трансформација во американската војска.

„За 15 до 20 години ќе немаме шанси да се натпреваруваме и да се бориме со Кина. Во моментот тоа е веќе завршена работа, мое мислење е дека веќе е готово“, изјавил тој за весникот.

„Кина може да доминира со иднината на светот, да контролира сè, од медиумски наративи до геополитика“, додава тој.

Шајлан за ова ги обвинува бавните иновации, неподготвеноста на американските компании како „Гугл“ да соработуваат со државата за вештачка интелигенција и обемните етички дискусии за технологијата.

Кинеските компании, вели Шајлан, се обврзаа да работат со својата влада и масовно инвестираат во вештачка интелигенција, без оглед на етичките дилеми.

Тој додаде и дека американската сајбер-одбрана во некои владини оддели е на ниво на градинка.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина