Утрински Весник
Македонија

Дезинфицирани улиците на Карпош за време на полицискиот час

Дезинфицирани улиците на Карпош за време на полицискиот час

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – За време на полицискиот час викендов активно работеа комуналните служби на Општина Карпош кои миеја и дезинфицираа улици во урбаните заедници „Владо Тасевски“ (Млечен), Карпош 1 и Карпош 2.

Интензивно работеа двете цистерни на локалната самоуправа, со кои во изминатиот период се дезинфицираа голем број јавни површини – локални улици, плоштади, платоа, фреквентни места.

-Градоначалникот Стефан Богоев, кој го предводи и Општинскиот кризен штаб, во текот на викендот, направи обиколка низ населбите во Карпош, Пожарната бригада и маалските дежурни продавници. Воочливо е дека граѓаните го почитуваат полицискиот час, а субјектите кои имаат дозвола за достава на храна и лекови работат по претходни нарачки од страна на граѓаните, соопшти Општина Карпош., која ги повикува сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана